Свет
3. September 2016 - 8:45

Шпанскиот парламент повторно изгласа недоверба за Рахој

Шпанскиот парламент синоќа изгласа нова недоврба за претседателот на техничката Влада, Маријано Рахој, вторпат за 48 часа со што е отворен пат за евентуално распишување трети избори за само една година.

На Рахој пратениците му изгласаа недоверба со 189 гласови спрема 170 што е ист резултат како и во средата.

На лидерот на конзервативната Народна партија му требаше апсолутно мнозинство од 176 гласови во 350-члениот парламент, но го поддржаа само неговата партија, центристите од Сијудаданос и еден пратеник од Канарските Острови.

Доколку не биде формирана влада за два месеца, парламентот повторно ќе биде распуштен, а Шпанците повикани на нови избори на 25 декември.

Социјалистите и други партии веќе предложија да се скрати кампањата за да може новите избори да се одржат на 18 декември.