Фудбал
11. February 2016 - 23:12

Шпански куп:Севилја избори финале со Барса

Фудбалерите на Севилја ќе играат во финалниот меч во шпанскиот Куп, откако во полуфиналниот реванш одиграа 2:2 против Селта и со вкупен резултат 6:2, се изборија за завршиниот меч каде противник ќе им биде Барселона.
 
Севилја успа да преживее на „Балаидос“ иако конечниот резултат не го покажува тоа. Селта успеа да поведе со 2:0 со головите на Јаго Аспас (35. и 55.минута), но Евер Банега успеа да намали на 2:1 во 57.минута. Три минути подцна Гвидети не реализира пенал, а конечниот резултат го постави Конопљанка во 88.минута.
 
Финалниот натпревар во шпанскиот Куп помеѓу Барселона и Севилја ќе се одигра на 21 или 22.мај на неутрален терен, а местото на одигрување ќе биде дополнително одредено.