-->
-->
Шпански куп: Суспендиран играч настапи за Реал?!
-->
Реал Мадрид би можел да биде дисквалификуван од понатамошните натпревари во Купот на Шпанија, откако во клубот направиле неразбирлив пропуст. Имено на мечот со Кадиз во составот на Реал беше Денис Черишев, кој поради жолти картони, немал право на напстап.
Рускиот репрезентативец, минатата сезона, како член на Виљареал, не ја одлежал суспензијата од еден натпревар, која автоматски му следува по добиени три жолти картони.
Во Реал направиле неразбирлив пропуст, тренерот Бенитез не бил известен за ова и тој во тимот кој го започна мечот во Кадиз го стави и Черишев. Рускиот репрезентативец во третата минута постигна гол, а беше заменет по само 45 секунди игра во второто полувреме.
Не е познато дали е заменет откако некој се сетил дека тој нема право на настап, но во секој случај клубот доцна реагирал.
Според правилата на Фудбалската федерација на Шпанија, еден тим може да биде дисквалификуван доколку игра со суспендиран фудбалер, тоа и се случи на Осасуна минатата сезона.
Веројатно и на Реал ќе му се случи истото доколку Кадиз вложи жалба, а тоа треба да го стори најдоцна до четврток во 14 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок