Фудбал
14. January 2016 - 9:26

Шпански куп: Хадади двоен стрелец за Барса

Барселона го потврди пласманот во четвртфиналето во Купот на Кралот, откако и во реваншот го совлада градскиот ривал Еспањол. Покрај Барселона, четвртфинале во средата изборија и екипите на Атлетик Билбао, Селта и Лас Палмас.
 
Барселона по убедливиот триумф во првиот натпревар против Еспањол (4:1), рутиснки славеше над градскоиот ривал во реваншот. Во победата од 2:0, двата гола ги постигна Мунир Ел Хадади.
 
Резултати:
 
Виљареал-Атлетик Билбао 0:1 (2:3)
 
Еспањол-Барселона 0:2 (1:4)
 
Селта-Кадиз 2:0 (3:0)
 
Лас Палмас-Еибар 3:2 (3:2)
 
Претходно четвртфинале изборија Мирандес и Севилја, а последните два тима ќе бидат позанти по одигрувањето на реваншите помеѓу Гранада и Валенсија (0:4), односно Атлетико Мадрид и Рајо Ваљекано (1:1).