Фудбал
27. January 2017 - 16:33

Шпански куп: Атлетико и Барса во 1/2 финалето

Денеска беа извлечени полуфиналните двојки за шпанскиот фудбалки куп. Жрепката беше немилосрдна и ги спои во полуфиналето фаворитите за освојување на трофејот во Купот на Кралот, Атлетико Мадрид и Барселона. Втората полуфинална двојка ја формираа Селта и Алавес.
 
Атлетико ќе ја пречека Браселона на „Винсенте Калдерон“, а Селта ќе му биде домаќин на Алавес на „Балаидос“. Првите мечеви ќе се одиграат на 1. и 2. февруари, а реваншите се една недела подоцна.
 
Титулата во Купот на Кралот ја брани Барселона.