Свет
1. October 2017 - 10:41

Шпанската Влада ја брани одлуката на полицијата да спречи одржување референдум во Каталонија

Интервенцијата на полицијата е потребна за да се запре одржувањето на забранетиот референдум за независност на Каталонија, изјави шпански владин претставник во тој регион.

– Приморани сме да го направиме тоа иако не сакаме, изјави на прес конференција Енрик Миљо, шпански владин делегат за Каталонија.

Миљо ја даде изјавата откако шпанската полиција употреби сила и се судри со гласачи на неколку гласачки места во Барселона и заплени изборен материјал.