Свет
26. October 2018 - 13:34

Шпанската полиција запленила повеќе од 6,3 тони кокаин скриен во банани

Шпанската полиција запленила повеќе од 6,3 тони кокаин и уапсила 16 членови на криминална група за трговија со наркотици.
 
Полицијата во соопштението кое го објави денеска посочи дека криминаланата група како посредник во своето работење користела компанија која увезувала овошје од Костарика.
 
Кокаинот бил скриен во пакети со банани кои пристигнале на португалското пристаниште Сетубал, од каде што дрогата била транспортирана во Шпанија, објави АП.
 
Иследниците на американската внатрешна безбедност и португалските детективи, биле дел од истрагата која ја спроведувала шпанската полиција, соопштија од полицијата.
 
Полицијата, во акцијата исто така, запленила и огнено оружје и 300.000 евра.
 
извор: Makfax