Шпанската полиција уапсила 200 Кинези заради телефонски измами
Над 200 лица од кинеско потекло се уапсени во Шпанияја при растурање на криминални групи кои раководеле со фиктивни телефонски центри и измамиле сонародници во Кина за приближно 16 милиони евра, јави денеска шпанската полиција, цитирана од американските медиуми.
Во свето соопштение полицијата посочи дека криминалните групи се поврзувале со луѓе во Кина, првично претставувајќи се дека се нивни пријатели или роднини и ги предупредувале за измамнички шеми. Во следните јавувања тие се претставувале за полициски службеници, кои ги истражуваат измамите, и притоа многу од жртвите убедиле да уплатат пари на банкарските сметки на криминалните групи.
Шпанската полиција информира дека затворила 13 телефонски центри, што биле раководени од приватни домови.
Апсењата биле изведени во градовите околу Мадрид, како и во Барселона и Аликанте.
Операцијата била координирана со кинеските власти, кои ја почнале истрагата. Кина ќе побара екстрадиција за нејзините граѓани, за да им суди, изјави службеник на кинескиот конзулат во Мадрид.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари