Свет
5. April 2018 - 12:51

Шпанска Телефоника ги доби повеќето новопонудени фреквенции на британскиот пазар

Шпанска Телефоника ги доби повеќето новопонудени фреквенции во британскиот телекомуникациски пазар, пред се насочени за подобрување на 4Г поврзаноста.

Повеќе британски телекомуникациски компании добија нови фреквенции од регулаторот Офком, но О2 на Телефоника ги доби повеќето фреквенции од 2,3 гигахерци, кои се користат за засилување на 4Г мрежата. Компанијата најави дека ќе почне да ги користи новите фреквенции што е можно поскоро, првенствено во Лондон, потоа Единбург, Њукасл и Лидс. О2 понуди 524 милиони фунти за понудените фреквенции. Оваа компанија заостануваше зад ривалите ЕЕ и Водафон по бројот на достапни фреквенции, и имаше најмногу слобода во проширувањето на мрежата. Според правилата на Офком, една компанија не смее да поседува повеќе од 37 проценти од фреквенциите.

Британските компании експериментираат и со 5Г мрежата, но таа се очекува да им биде понудена на потрошувачите дури во 2020 година.