Македонија
4. January 2020 - 16:47

Шпанија во вторник ќе добие Влада - се отвора патот за полноправно членство на Македонија во НАТО

Македонија е во очекување на разврската за  формирање на нова влада во Шпанија, по што на ред ке дојде и гласањето на македоснкиот протокол  за НАТО во шпанскиот парламент.

Со тоа ке се заокружи процесот на ратификација и ке се отвори патот за полноправо членство  на нашата земја во Алијансата.

Но, како што засега стојат работите се ке стане појасно дури  наредната недела, иако дебата во шпанското собрание за новата влада започна денеска.

Мандатарот Санчез упати апел до пратениците  да  го поддржат за да ја зачуваат Шпанија, но и покрај ваквите молби , тешко веројатно е дека  тој утре, во првиот круг на гласањето ,  ќе добие  апсолутното мнозинство во парламентот. Останува да се чека до  вторник,  кога парламентот ке гласа по втор пат, а тогаш за избор ке биде потребно само   просто мнозинство.

Сепак се ке зависи од добрата волја на 20 тина пратеници кои сега засега се  согласија дека ке апстинираат и ке  му помогнат на Санчез да добие легитимен мандат. Проблемот е во тоа што мегу нив се и 13 каталонци кои во секој во секој момент може да се премислат, особено откако  изборната комисија  во петок донесе одлука дека нивниот лидер  не е подобен да седи во регионалниот парламент.