Свет
3. July 2020 - 15:20

Шпанија со план за инвестиции од 150 милијарди евра за закрепнување на економијата

Шпанската Влада разработува инвестициски план за 150 милијарди евра, кој ќе биде финансиран од фондови на ЕУ.

– Целта е да и помогнеме на економијата на земјата да закрепне по пандемијата на коронавирусот, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез.

Се работи за државен инвестициски план, кој ќе ги мобилизира и приватните ресурси, прецизира Санчез.

Откако ќе биде разработен, Шпанија ќе го претстави својот план за финансирање во Брисел.