Свет
27. August 2017 - 13:46

Шпанија: Смртниот биланс од нападите се искачи на 16 лица

Бројот на загинати во нападите во Шпанија достигна 16 лица, откако денеска почина една 51-годишна жена од Германија, која беше примена во болница во Барселона, соопшти каталонското Министерство за здравство.

Во двојниот бомбашки напад во Барселона и Камбрилс на 17 август, за кој Исламската држава презеде одговорност, околу 130 лица беа повредени.