Loading Video...
Свет
30. March 2020 - 14:49

Шпанија на врвот на листата по бројот на смртни случаи

812  смртни случаи за 24 часа во Шпанија како последица на вирусот Ковид-19. Во истиот период во оваа држава, која е втора најпогодена земја во Европа регистрирани се речиси 6.400 нови случаи.

Но, зошто Германија има толку ниска стапка на смртност? Би-Би-Си јавува дека тоа се должи на масовното тестирање. Досега таму се регистрирани над 62.000 случаи, а само 541 смртен случај.

Истражувањето на Би-Би-Си покажува дека Германија ги тестира и тие чии симтони се лесни, што не е случај во Италија и Шпанија, каде што се тестираат само оние со силни симптоми, па затоа и спаката на смртонст е поголема.

Друго објаснување е здравствениот капацитет. Би-Би-Си јавува дека капацитетот на германскиот здравствен систем е многу поголем од останатите европски држави. Тоа значи дека може да прими многу повеќе пациенти.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека 100.000 смртни случаи како последица од Ковид-19 во САД може да се сметаат како добро завршена работа.

Трамп појаснува дека пикот во САД би требало да се достигне до католичкиот Велигден, а потоа ќе почне да опаѓа бројот на новозаразени. Во моментот САД има најголем број на заразени, каде што се регистрирани над 140.000.

Коронавирусот го колабираше пазарот на нафтата на светот. Цената на нафтените деривати падна на ниво кое не е забележано 18 години. Цената за барел е нешто над 23 долари, што не е забележано од ноември 2002 година.