Кошарка
24. March 2017 - 18:51

Шпанија на Евробаскет 2017 со браќата Гасол?!

 Селекторот на шпанската кошаркарска репрезентација, Серхио Скариоло, најави дека браќата Пау и Марк Гасол би требало да бидат дел од репрезентацијата на следното Европско првенство, што ќе се одржи кон крајот на претстојното лето. 
 
- Пау му кажа дека ќе дојде. Секако, конечната одлука ќе ја даде по крајот на НБА сезоната, изјавил Скариоло за веб страната на ФИБА. 
 
Според неговата најава и помладиот од браќата Гасол, Мар би требало да биде дел од „црвената фурија“. 
 
- Исто така и Марк би требало да дојде и заигра за репрезентацијата по пауза од две години. Младиот Гасол го пропушти Евробаскетот во 2015, а поради повреда не настапи и на Олимпијадата во Рио минатата година, дополни Скариоло.
 
Потсетување дека и годинашното Европско првенство, како и претходното, ќе се одржи во четири земји: Израел, Романија, Финска и Турција. 
 
Репрезентацијата на Шпанија ќе игра во Ц групата, каде за противници ќе ги има селекциите на Хрватска, Чешка, Црна Гора, Унгарија и домаќинот на оваа група Романија.