Шпанија: Мерките за заштита на економски најзагрозените продолжени до октомври
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска соопшти дека актуелните мерки, кои вклучуваат заштита на најзагрозените од економските последици од епидемијата на коронавирусот, ќе бидат продолжени до крајот на октомври.
Шпанија е една од земјите што беше економски најтешко погодена на почетокот на епидемијата.
Кога карантинот беше продолжен во март минатата година, шпанската Влада воведе голем број социјални мерки, а кабинетот на Педро Санчез објави дека промените ќе бидат одобрени во текот на следната недела.
Шпанија се соочува со парадокс да биде, од една страна, еден од светските лидери во вакцинацијата, со 55,7 проценти од 47 милиони луѓе целосно вакцинирани, а од друга, земја со една од највисоките стапки на зараза со Ковид-19 во Европа во последните две недели.
Новите случаи се раширија најмногу меѓу лица на возраст под 30 години, кои допрва треба да се вакцинираат.
Земјата регистрираше вкупно 4,3 милиони случаи на Ковид-19 и над 81.000 смртни случаи.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња