Фудбал
19. December 2015 - 15:02

Шпанија ќе има нов селектор

Шпанскиот селектор Винсенте дел Боске најави дека по завршувањето на Европското првенство во 2016 година ќе се повлече од функцијата. 
 
„Доколку се оди според моите планови, очекувам по Еуро 2016 да ја напуштам шпанската репрезентација. На одлуката влијаеа и здравствените проблеми“, напишал Дел Боске во својата книга „Победи и порази: Емоционална сила“, која наредниот петок ќе се појави во продажба. 
 
„Наредната година ќе се навршат осум години од моето именување за селектор на фудбалската репрезентација и јас повеќе немам намера да се задржам на оваа функција“, пишува Дел Боске. 
 
Винсенте дел Боске селектор стана во 2008 година по Европското првенство на кое Шпанија ја освои титулата. Тој на функцијата го наследи Луис Арагонес. Во 2010 ја однесе Шпанија до светската титула, а во 2012 година ја одбрани титулата европски првак.