Loading Video...
Свет
22. јуни 2021 - 12:26

Шпанија ќе ги помилува затворените каталонски лидери

Шпанија ќе ги помилува затворените каталонски лидери.Владатa денеска треба да го официјализира помилувањето на девет лидери, кои издржуваат затворски казни за нивната улога во обидот за отцепување на Каталонија во 2017 година, а премиерот Педро Санчез вели дека одлуката го отвора патот кон помирувањето.

Анкетите претходно покажаа дека околу 60 проценти од Шпанците, вклучувајќи ги скоро сите опозициски партии, се спротивставуваат на ослободувањето na политичари и активисти приведени за нивната улога во хаотичните и насилни настани што ја предизвикаа најголемата политичка криза во Шпанија во последните неколку децении.