Свет
21. October 2017 - 16:05

Шпанија ја укинува автономијата на Каталонија

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска најави дека Владата го отпочнува процесот на одземање на автономијата на регионот Каталонија. Според Рахој, процесот води кон отстранување на каталонскиот регионален премиер Карлес Пуџдемон од функцијата, и кон спроведување на избори за нова каталонска Влада.