Шпанија истражува кој стои зад кампањата на дезинформации
Шпанската министерка за одбрана Марија Долорес де Коспедал денеска соопшти дека Владата на Шпанија истражува кој стои зад ширењето на лажни инфорации во врска на шпанскиот регион Каталонија.
- Многу такви акции доаѓаат од руската територија, но се уште не е возможно точно да се утврди нивниот извор, посочи Коспедал.
Таа истакна дека, некои од тие акции „се повторуваат и од венецуелска територија“.
Коспедал одби да наведе какво влијание би можело да има дезинформирањето врз регионалните избори, што ќе бидат одржани на 21 декември во Каталонија, ниту пак кои се размерите на кампањата за ширење на лажни инфорамции.
- Бројот на лажни вести за Каталонија од ден на ден се менува и поради тоа нивниот точен број не може да се прецизира, нагласи шпанската министерка за одбрана.
Истовремено, шпанскиот министер за надворешни работи Алфонсо Дастис посочи дека денеска ќе ги информира неговите колеги од Европската унија за наводно кибер мешање од руска територија и од други области со цел ширење на лажни информации за тежнеењето за независност на Каталонија.
- Постојат наводи дека основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж и други лица, се обидуваат да се вмешаат и да манипулираат со каталонската криза, изјави Дастис.
Ново на Сител
-
Голема акција за апсење во БиХ и Словенија поради перење пари
-
Ѓорѓиевски: Кисела Вода е првата општина која вработи лице со Даунов синдром
-
Митева: Дали Ветон Груби купува, а Артан Груби плаќа, ДКСК има должност веднаш да постапи
-
Тешко повредени две лица откако со возило излетале од патот
-
Почина македонскиот актер Димче Мешковски
-
Уапсени две жени кои ветувале лажни работни визи за Германија
-
Уапсени две лица во Штип - полицијата расчисти пет тешки кражби
-
Во Кривичен продолжи судењето за случајот „Ласкарци“