Loading Video...
Спорт плус
25. July 2019 - 16:24

Шпанија и Италија во финалето на Светското првенство

Репрезентациите на Шпанија и Италија ќе играат во финалето на машкиот ватерполо турнир, на Светското првенство во водени спортови што се одржува во Гванжу. 
 
Шпанците откако во четвртфиналето го елиминираа европскиот првак Србија, во полуфиналето беа подобри и од актуелниот светски шампион Хрватска. 
 
Место во финалето „црвената фурија“ обезбеди со победата од 6-5.
 
Нивните противници во дуелот за шампионскиот трофеј Италијанците во полуфиналето беа подобри од Унгарија со 12-10. 
 
Дуелите за медал на програмата се во сабота.