Loading Video...
Ракомет
21. January 2020 - 15:03

Шпанија и Хрватска обезбедија полуфинале

Шпанија и Хрватска се првите две селекции кои обезбедија пласман во полуфиналето на Европското ракометно првенство 
 
Со победите над Белорусија и Чешка и максимален учинок, ракометарите на Шпанија и Хрватска ги осигураа првите две позиции во четвртфиналната група !, а со тоа и својот пласман во полуфиналето на ЕП. 
 
Така нивниот меѓусебен дуел што ќе се игра утре ќе реши кој во полуфиналето ќе влезе од позицијата број 1. 
 
Што се однесува до борбата за третата позиција, Германците ја декласираа Австрија, па актуелниот европски шампион ќе ја продолжи битката во Стокхолм но за 5-тото место во конечниот поредок на првенството. 
 
Денеска на шампионатот се играат дуелите од третата рунда во групата 2 во која лидер со максимални три победи е Норвешка па доколку Норвежаните го победат Исланд тие ќе бидат третите патници во полуфиналето. 
 
Во трка за втората позиција на табелата, односно последното место кое води меѓу четирите најдобри на шампионатот, Унгарија и Словенија кои имаат по 4 бодови, додека Исланд и Португалија имаат по 2, а веќе отпишан е домаќинот Шведска кој во втората фаза нема ниту еден бод. 
 
Денеска на првенството: 
16.00   ПОРТУГАЛИЈА – СЛОВЕНИЈА 
18.15  НОРВЕШКА – ИСЛАНД 
20.30  УНГАРИЈА – ШВЕДСКА