Loading Video...
Спорт плус
23. July 2019 - 15:23

Шпанија - Хрватска и Италија и Унгарија во полуфиналето на Мундијалот

Познати се полуфиналистите на мундијалскиот ватерполо турнир. 
 
Шпанците направија големо изненадување елиминирајќи го европскиот шампион Србија кого во четвртфиналето го совладаа со 12-9 
 
Затоа пак светскиот шампион Хрватска не дозволи изненадување, па Хрватите пласман во полуфиналето обезбедија со победата над Германија со 10-8. 
 
Хрватска и Шпанија ќе го сочинуваат првиот полуфинален пар, а вториот Италија и Унгарија. Италијанците со 7-6 ја победија Грција, додека Унгарија со 10-9 беше подобра од Австралија.