Шпанија формира комисија за идните мерки во управувањето со Каталонија
Шпанските политички партии одредија 27 сенатори за членови на комисија која ќе донесе одлука како Владата во Мадрид може да интервенира во управувањето со Каталонија и да ја спречи да прогласи независност.
Комисијата се состои од 15 членови на владејачката Народна партија на шпанскиот премиер Маријано Рахој, шест членови на водечката опозициска Социјалистичка партија, а остатокот го сочинуваат членови на помали шпански партии.
Тие ќе ги разгледаат мерките што им се на располагање врз основа на членот 155 од шпанскиот Устав и како да ја распуштат каталонската Влада и каталонскиот регионален претседател Карлес Пуџдемон и неговите министри.
Се очекува Комисијата да го информира Пуџдемон за своите планови и да го повика да го одбрани својот случај најверојатно в четврток, еден ден пред Сенатот да гласа за одлуката на Владата да го активира членот 155.
Имајќи предвид дека партијата на Рахој има мнозинство во Сенатот, извесно е дека одлуката за активација на членот 155 ќе биде изгласана.
Ново на Сител
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО