Свет
21. August 2017 - 14:48

Шпанија: Бројот на загинати се искачи на 15

Смртниот биланс од минатонеделните напади во Барселона и Камбрилс се искачи на 15, изјави каталонскиот министер за внатрешни работи Хоаким Форн.

На прес-конференција Форн соопшти дека последнат жртва од тој напад е маж, пронајден избоден во возило, за кое се верува дека го користел еден од напаѓачите, кој побегнал од таму.