Шпанија без смртни случаи од Ковид-19 во изминатото деноноќие
За прв пат од март годинава, во Шпанија во последните 24 часа не се регистрирани смртни случаи од коронавирусот. Директорот на центарот за одговор на итни здравствени случаи Фернандо Симон, на прес-конференција рече дека ваквиот развој на ситуацијата е „многу, многу охрабрувачки“.
Тој додаде дека во последните 24 часа се регистрирани само 71 случај на заразени со коронавирус. – Ние сме на многу добро место во развојот на пандемијата. Статистиките го следат трендот. Тие одат во вистинската насока, рече Симон. Во Шпанија, првите две смртни случаи од коронавирусот беа регистрирани на 3 март. Врвот на пандемијата беше достигнат на 2 април, кога починаа 950 луѓе.
Од Ковид-19 Шпанија починаа вкупно 27.127 лица, а досега се заразени вкупно 240.000 луѓе.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација