Loading Video...
Фудбал
17. May 2020 - 15:34

Шпанците се договорија, ќе има фудбал секој ден

Шпанците се договорија, продолжението на сезоната во Ла Лига, ќе донесе секој ден најмалку по еден натпревар. 
 
Како што пренесуваат шпанските медиуми, постигнат е договор меѓу раководството на лигата и клубовите околу начинот на кој ќе продолжат натпреварите во прекинатата сезона во Ла Лига. 
 
Според планот, првенството ќе се рестартира кон средината на јуни, а како можни датуми се споменуваат 12 и 19 јуни. Во текот на една седмица предвидено да се одиграат по две кола, односно, една екипа би можела да игра натпревар во рок од три дена или на секои 72 часа
 
Имајќи во предвид дека натпреварите ќе се играат во летниот период, а температурите ќе бидат вообичаено високи, за дел од тимовите од потоплите шпански краишта предвидено е средбите да ги играат во доцните вечерните термини, па дури почетокот за биде и еден час пред полноќ (23 часот). Останатите би играле во терминот од 20 часот. 
 
Со овој план, а имајќи во предвид дека до крајот на лигата остануваат да се одиграат уште 11 кола, Шпанците предвидуваат дека сезоната ќе заврши  29 јули, со што ќе биде и во согласност со препораките на УФЕА во месец август тимовите кои се натпреваруваат во европските купови, Лигата на шампиони и Лигата на Европа, ќе може комплетно да се посветат на тие натпревари. 
 
Што се однесува до изгледот на табелата, водечката Барселона има 2 бода повеќе од најголемиот конкурент Реал Мадрид, а по нив следуваат Севиља, Сосиедад, Гетафе, Атлетико Мадрид и Валенсија, во трката за распределба на местата во Лигата на шампионите односно Лига Европа