-->
-->
Шпанците ќе играат само заради Реал?!
-->
Фудбалската сезона во Шпанија ќе продолжи на 13 јуни. До крајот на првенството останаа уште 11 кола. Шпанците најавија дека кога ќе продолжи сезоната фудбал ќе се игра секој ден.
Во последните 11 кола ќе се води голема борба за шампионската титула помеѓу Барселона и Реал. На табелата Барселона има два бода повеќе од најголемиот ривал.
Поранешниот претседател на Барселона Жоан Гаспар смета дека сезоната не би била продолжена доколку Реал биле лидери на табелата. Според него мора да се игра бидејќи Барселона се наоѓа на првото место.
„Доколку Реал беа први во моментот кога е прекината сезоната убеден сум дека таа немаше да продолжи. Не постои почит кон Барселона, имам многу луѓе кои се против клубот“, рекол Гаспар.
Кога ќе продолжи Ла Лига, Барселона ќе гостува кај Мајорка додека Реал ќе го пречека Еибар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите