Фудбал
11. November 2015 - 10:46

Шпанците го одликуваа Касиљас

Икер Касиљас, репрезентативецот на Шпанија, од рацете на премиерот Мариано Рахој, го прими орденот за големи фудбалски достигнувања.
 
Касиљас е одликуван со „Голем крст за спортски заслуги“, најголемиот кралски орден кој може да го добие еден спортист.
 
Чуварот на мрежата на Порто орденот го прими на свечена церемонија во дворецот Монколо, кој е официјалната премиерска резиденција во Мадрид.
 
Икер Касиљас во Реал е од 1997 година, а од 1999 година до јуни годинава беше член на првиот тим, за ‘кралскиот клуб’ одиграл 510 натпревари. Со Реал ги освои сите можни титули во клупскиот фудбал, вклучувајќи три титули во Лигата на шампионите. 
 
Касиљас за шпанската репрезентација има одиграно 164 натпревари и има освоено две европски и една светска титула.