Шпан: Германија нарачува вакцини за 2022 година во случај да бидат потребни повеќе дози
Германија нарачува вакцини за 2022 година во случај да бидат потребни повеќе дози за имунизација против Ковид-19, рече министерот за здравство Јенс Шпан на онлајн конференција на форум на здравствени работници.
Тој додаде дека 2,3 милиони граѓани, од 83 милиони во Германија, веќе ја примиле првата доза на вакцината.
– Сега всушност нарачуваме нови вакцини за 2022 година, така што ќе имаме барем нешто при рака, рече Шпан, додавајќи дека никој не знае дали на Германија ќе и бидат потребни дополнителни количини.
– Веднаш штом ќе се прошират производствените капацитети, ние ќе нарачаме вакцини како мерка за претпазливост. Ако не ни требаат, добро, но ако ни требаат, тие ќе ни бидат достапни, истакна германскиот министер.
Националните и регионалните претставници задолжени за договор со фармацевтските компании и претставници на Европската унија утре ќе одржат состанок.
Баварскиот премиер Маркус Зедер предложи нови правила кои ќе овозможуваат на државата да има поголеми овластувања да ги насочува резервите на вакцини на оние на кои им се најпотребни.
Тој ги повика властите да размислат за одобрување на кинеската и руската вакцина за употреба во Европа.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок