Македонија
19. May 2022 - 16:36

Шолц со силна поддршка на членството на Западен Балкан во ЕУ, како геостратешка цел - во јуни ќе го посети регионот

Германскиот канцелар Шолц во денешното обраќање во Бундестагот со јасна порака - местото на Западен Балкан е во ЕУ. Земјите од регионот со години интензивно спроведуваат реформи и го заслужуваат тоа, истакна Шолц. Но, за Европа нивното интегрирање веќе е прашање на кредибилитет туку на клучен геостартешки интерес.

Шолц најави дека со оваа порака следниот месец ќе го посети регионот, во пресрет на Самитот на ЕУ. Во исто време, германската амбасдорка Холшатјн со разочарување констатира дека нема напредок во преговорите со Бугарија.

И амбасадорот на ЕУ дава поддршка за брз старт на преговорите со Македонија и Албанија, но не сака да калкулира со рокови.

- Апсолутно сме одлучни да продолжиме напред, знаеме дека е од стратешки интерес на ЕУ и на земјите од Западен Балкан, овие земји да се приклучат на Унијата и ние очекуваме продолжување на процесот и да ја видиме Северна Македонија во ЕУ што е можно поскоро.

Гир порача дека политиката на проширување нема алтернатива за земјите од регионот и дека дебатата за иднината на ЕУ нема да влијае врз овој процес.