Шолц најавува: Германија ќе ја има најголемата конвенционална европска војска во НАТО
– Германија е на пат да ја изгради најголемата европска конвенционална војска во НАТО, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
– Германија, заедно со САД, во моментов „секако го дава најголемиот придонес“ за НАТО, изјави лидерот на социјалдемократската партија за телевизија АРД по самитот на Г-7.
– Најголемата конвенционална армија на НАТО во Европа е во изградба и тоа е важно за севкупните одбранбени способности на Алијансата, рече Шолц за време на разговорот.
По руската инвазија на 24 февруари, германската влада најави формирање на вонреден фонд вреден 100 милијарди евра за модернизација на Бундесверот.
– Во просек ќе трошиме меѓу 70 и 80 милијарди евра годишно за одбрана, додаде канцеларот. – Германија тогаш ќе биде земјата која ќе инвестира најмногу во оваа област, потенцира Шолц.
Водечката европска економија на тој начин сака да обезбеди одбрана на својата територија и исполнување на обврските кон НАТО и целта од 2 отсто од БДП за одбрана.
Одвојувањето на 100 милијарди евра за националната армија е голема промена во германската политика, која пред руската инвазија заостануваше зад другите земји во постигнувањето на целта за издвојување два отсто од буџетот за одбрана, што беше критикувано и од Вашингтон.
Германија значително ја намали својата војска од Студената војна, од 500.000 во времето на обединувањето во 1990 година на 200.000 денес.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица