Шолц: ЕУ мора да даде зелено светло за Северна Македонија и Албанија
ЕУ мора да даде зелено светло за Северна Македонија и Албанија, изјави денеска пред Бундестагот германскиот канцелар Олаф Шолц, прогнозирајќи дека утрешниот самит во Брисел со земјите од Западниот Балкан „нема да биде едноставен“, истовремено изразувајќи надеж дека „сите ќе се надминат себеси и ќе ја сфатат својата одговорност”.
Шолц, како што пренесува Дојче Веле на македонски јазик, пред Бундестагот изјави дека не е изненаден што самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел за малку ќе бил откажан поради одбивањето на лидерите на Северна Македонија, Албанија и Србија да одат на него, посочувајќи дека по толку неостварени ветувања за овие земји, не е изненадување што се случуваат такви работи.
– За малку немаше да се одржи утрешниот самит ЕУ-Западен Балкан. И искрен да бидам, тоа не треба никого да изненадува. Кога ќе разбудите очекувања, кога ќе им кажете дека патот кон ЕУ се исплаќа, кога ќе се преземат напори, и ќе се ризикуваат политички конфликти во сопствената земја, една земја- Северна Македонија дури го смени и името за да го реши спорот со Грција, и сето тоа ништо не помага и ништо не се придвижува, тогаш е сосема разбирливa вознемиреноста која ја чувствуваат политичките раководства и граѓаните и граѓанките на овие земји, изјави Шолц.
Во обраќање до парламентот, германскиот канцелар Шолц го поздрави францускиот предлог и ја повика Бугарија да излезе од минатото и да се насочи кон иднината.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање