Шолц е убеден дека Германија успешно ќе се справи со гасната криза
Германскиот канцелар Олаф Шолц е убеден дека неговата земја успешно ќе ја надмине кризата со природен гас, јави ДПА.
„Ние донесовме одлуки на самиот почеток на кризата. Се подготвуваме за фактот дека ситуацијата може да стане многу тешка“, рече тој на состанокот во неговата изборна единица Михендорф во покраината Бранденбург, во близина на главниот град Берлин. Во врска со можноста Германија да престане да добива испораки на руски гас, Шолц го изјави следново: „Затоа донесовме многу, многу важни одлуки“.
Тој додаде дека Германија има шанса „успешно да ја помине оваа тешка ситуација“.
Како примери за конкретните подготовки на федералната влада за посериозни сценарија, Шолц ги наведе изградбата на цевководи долж северниот брег на Германија, изградбата на терминали за течен природен гас и полнењето складишта за гас.
Што се однесува до високите цени на енергенсите, тој рече дека состојбата на граѓаните ќе се олесни по усвоените мерки на сојузно ниво за поддршка на населението.
Ново на Сител
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје