Бизнис
2. January 2018 - 13:14

Шокантно предвидување на данските експерти: Цената на биткоинтот ќе се вивне до небо, но на крајот ќе му пресудат овие две земји

Данската  Саксо банка позната по „ шокантните“ новогодишни прогнози. Оваа година предвидува дека Русија и Кина ќе ја срушат вредноста на биткоинтот и ќе престане да тргува со нафта во американски долари. 
 
Банката предвидува дека вредноста на криптовалутата ќе  достигне до 60.000 долари, при што пазарната капитализација ќе надмине билион долари, но после тоа Русија и Кина со заеднички сили ќе ја нападне оваа валута. 
 
Растот на биткоинтот е една од најспектакуларниот феномен на економскиот пазар во последниет години. Во текот на 2018 година биткоинтот ќе продолжи да расте, и тоа многу, но Русија и Кина заедно ќе се обидат да ја смалат вредноста на оваа валута, предвидува данската банка. Поради што нејзината вредност до 2019 година ќе падне на 2.000 долари.