Бизарно но вистинито
13. February 2016 - 12:37

Шокантно: Отсечени човечки стапала облечени во обувки испливаа на брегот

Најмалку 16 отсечени човечки стапала, се уште облечени во патики или чевли пронајдени се на северозапачниот пацифички брег од 2007 до денес.

Стапалата, претежно десни, на брегот се исфрлени од морето, а кому му припаѓаат и што се случило со остатокот од телата, се уште не се знае.

Последното такво стапало пронајдено е оваа недела на брегот на Британска Колумвија.

Се претпоставува дека стапалата им припаѓаат на луѓе што ги зафатила бура  или се жртви на дилери на дрога, сериски убијци или криумчари со луѓе.

Форензицарите велат дека дланките и стапалата секогаш први се одвојуваат кога телото ќе заврши во море и таму остане подолг период.

Полицијата сега ги истражува базите на податоци на исчезнати лица со надеж дека ќе се пронајде решение за оваа ужасна мистерија.