Шокантно откритие: Мајкл Џексон сакал да се ожени со 11-годишната Ема Вотсон
Лекарот Конрад Мареј, кој е осомничен за смртта на Мајкл Џексон, тврди дека поп иконата бил опседнат со актерката Ема Вотсон, која во тоа време имала 11 години и дека сакал „да се ожени со неа“.
- Прв избор за невеста му беше 12-годишната ќерка на еден пријател од Велика Британија, која ја запознал кога имала пет години, а втор избор му беше Ема Вотсон, тврди Мареј, говорејќи за периодот од пред 15 години.
Според Мареј, Џексон бил опседнат со Ема по нејзиното појавување во филмот „Хари Потер“, па дури дома имал и нејзин лик од картон.
Мареј одбива да ги коментира тврдењата дека Џексон „бил опасен за децата“, но во неговата книга „Тоа е тоа“, открива и други непознати детали од животот на покојната ѕвезда.
- Мајкл Џексон се облекуваше како кловн и носеше хирушки маски за да не го препознаат додека се забавуваше со стриптизети. Тој дури и говореше со арапски акцент, тврди Мареј, додавајќи дека секогаши инсистирал девојките за забава да бидат многу слаби.
Мареј кој беше личен психијатар на Џексон, беше осуден на четири години затвор за убиство на пејачот.
Тој пред две години излезе од затвор и сега тврди дека книгата што ја напишал не е со цел за да се збогати, туку затоа што Мајкл Џексон го барал тоа од него.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација