Живот
20. October 2015 - 14:22

Шокантно: На аеродром им пуштија порно на патниците/18+

Луѓето на аеродромот се шокирале кога на големите телевизори е пуштен филм со порнографска содржина. Секако не требаше да помине многу време за снимката од овој несекојдневен настан да почне да кружи по интернет.

Оваа шокантна сцена се случила на терминалот број 1 во зградата на аеродромот во Лисабон каде патниците го чекале својот багаж.

Како што велат очевидци, филмот траел само неколку минути. Не е познато дали некој го хакирал системот кој ги пренесува информациите преку телевизорите или пак тоа го сторил некој од вработените кои биле тој ден на должност.