Живот
29. October 2015 - 10:52

Шокантно: Мајка падна од мотор држејќи бебе во рацете

Шокантната видео снимка го покажува страшниот момент кога жена на мотор со бебе во раце поминува раскрсница и потоа удира во друг мотор и паѓа.

Снимката е од Парагвај и наиде на остри реакции зошто несовесната мајка со една рака вози мотор, а со другата држи бебе, што е тотално неприфатливо и лудо.

Жената падна на улица додека се уште го држеше бебето во раце, кое за среќа не е повредено во овој инцидент.

Мајката Марија Охеда Басуалдо сама се пријавила во полиција откако видеото им е пуштено на обвинителите во Парагвај.

Таа се соочува со можна казна, забрана за возење и дури три години затвор поради „изложување на детето на опасност“.