Живот
21. April 2017 - 10:03

Шокантно: Италијанец се соблече гол и ја преплива Фонтана ди Треви

Еден Италијанец реши да ги анимира туристите во Рим, па се соблече гол и скокна во популарната Фонтана ди Треви.

Но, авантурата на Италијанецот заврши по препливувањето на фонтаната, бидејќи веднаш по излегувањето бепе пречекан од полицаец и приведен.

Туристите биле шокирани од целата ситуација, а некои дури успеале да го снимат овој несекојдевен настан и записот да го објават на социјалните мрежи.

Иако на снимката се гледа како полицаецот смирено го води „пливачот“, италијанските медиуми подоцна објавија дека момчето се обидело да побега нанесувајќи му повреди на полицаецот.