Живот
11. October 2015 - 12:18

Шокантно фото: Бебе опкружено со шприцови, еве што е пораката

Сите оние кои се бореле за потомство, одлично ја знаат пораката од оваа фотографија, која за кратко време стана вирална.

Двојките кои поминале низ тежок и болен процес на медицински потпомогнато оплодување, некогаш со зборови не можат да опишат како изгледал нивниот пат до родителство.

Фотографијата која е објавена на Фејсбук, на страницата на американскиот Шер институт, е направена од страна на нивна пациентка, и всушност ја опишува нивната болка.

Имено на неа се наоѓа девојче опкружено со илјадници шприцеви и шишиња во облика на срце. Се се тоа лекови кои и биле потребни на нејзината мајка за таа да дојде на свет.

-Мајката помина низ повеќе циклуси на медицински потпомогнато оплодување во текот на година дена. Таа сакаше да остане анонимна и рече дека иглите биле најлесен дел од работата. Емоционалната борба, восхит и тага, тоа остави трага, изјави д-р Молина Дејал од Шер институтот.

Откако фотографијата е објавена, споделена на повеќе од 3.000 и ги поттикна жените да проговорат за својата борба со неплодноста: како сите овие шишенца и игли вределе за болката.