Бизарно но вистинито
7. October 2015 - 18:49

Шокантно: Девојче ја опседна ѓавол откако го повикуваше со телефон

Снимката настана кога млада девојка станала опседната од ѓаволот користејќи апликација на телефонот за повикување духови.

Сведоците велат дека 18-годишната, идентификувана како Патриција Квиспи, играла игра на повикување духови преку мобилниот телефон заедно со пријателите. Кога се вратила дома, нејзините родители забележале дека не и е добро, почнала да се грчи, и излегувала пена од устата, а нејзиниот глас станал ужасно длабок.

Девојката од Лима, Перу е префрлена во болница, а лекарите рекоа дека е неверојатно силна поради што тешко им е да контролираат. На оваа ужасна снимка може да слушнете врескање „666“ и длабоко стругање на гласот, а потоа и „пушти ме, пушти ме“.

На лекарите им требаше половина час да ја смират. Потоа е префрлена на психијатриско одделение за да можат лекарите да утврдат што е со неа.

Според пишувањето на локалните медиуми, луѓето кои биле сведоци се убедени дека девојката е опседната со сатански дух.