Живот
23. јуни 2017 - 15:43

Шокантно: Банката 7 години не и исплаќа пензија на бабичка зошто имала 117 години

Марија Фелик Нава има импресивни 117 години, но тоа пак е вистински проблем во Мексико. Дона Маркита, како што ја викаат, последните 7 години не примила пензија поради бирократското ограничување според кое луѓето постари од 110 години немаат право на пензија.

Дона Маркита е родена 1900 година. Живее тешко, има проблеми со видот, а дијагностицирана и е и неухранетост.
 
Сепак долговечната старица не се предава и одлучи да се бори за своите права. Банките во нејзината земја не издаваат картички ниту исплаќаат пари на лица постари од 110 години, па Дона Маркита, одлучи со тужба да се избори за своите права.
Донесена е пресуда во нејзина корист и банката е должна да и ги исплати сите заостанати пензии.