Македонија
17. April 2019 - 16:36

Шокантни откритија на сообраќајната полиција - тројца превозници возеле ученици без возачка дозвола

Возачи без положен испит, нерегистрирани возила и претовар со патници. Последната контролна акција на сообраќајната полиција, спроведена во полошкиот регион покажува дека превозниците кои што вршат јавен превоз не ја научиле лекцијата од трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, кај селото Ласкрце, во која што загинаа 16 патници. Најалармантно повторно е во Гостивар.

При контролните активности на тетовското подрачје пак откриени се вкупно 42 прекршоци, кои што биле заокружени со 23 прекршочни и 19 мандатни платни налози.

Иако ги побаравме, надлежните државни институции, пред се инспекторатот за патен сообраќај засега се без коментар како за причините за ваквите податци, така и за начинот на кој што треба да се спречи незаконското работење на транспортерите на патници.