Живот
7. April 2019 - 20:53

Шокантни детали: Децата заробени во пештерата на Тајланд биле опиени со седатив за коњи, докторот не бил сигурен дека ќе преживеат

Докторот кој спаси 12 дечиња од пештера на Тајланд откри дека морале да ги смират со средство за смирување на коњи, кетамин, па призна и дека мислел дека немаат никакви шанси да преживеат.

Имено, децата и нивниот ренер беа 18 дена заробени во мрак во комплексот пештери, пред до нив да дојде тим нуркачи, на чело со британски и тајландски морнарички специјалци.

Претходно спасителите одбија да потврдат дека во текот на мисијата децата биле ставени под седативи. Но, австралискиот анестезиолог Ричард Харис, кој бил вклучен во спасувањето, раскажал дека лекарите на децата им дале кетамин поради неговото влијание врз хипотермијата.

Лекот исто така влијае на губење на памтењето, а децата во текот на спасувањето еднаш или два пати биле ставани под седативи.

Меѓу некои луѓе ширум светот оваа вест за употребата на анестетик предизвика бес, но децата наводно немале ништо против тоа.

Кога д-р Харис му се придружи на спасувачкиот тим, ги увери службениците да ги променат своите планови за спасување и најпрво да ги спасат најслабите деца наместо најјаките. Првобитната стратегија била да се извлечат најјаките деца зошто би имале поголеми шанси за спасување, додека другите би останале и собирале сили. Но, тоа е променето откако проценката на Харис на здравјето откри дека некои послаби деца можеби не би преживеале ако ги остават зад себе.

Тој од тајландската влада дури побарал и дипломатски имунитет поради опасноста дека сите деца ќе умрат и стравот дека тој би бил виновен за тоа. Нуркачите кои учестуваат во спасувањето претходно ги опишаа условите како најекстремни со кои некогаш имале прилика да се соочат.