Шокантна снимка: Полицијата му стави лисици на 7-годишно дете со посебни потреби
Мајка на седумгодишно дете бара одговори откако полицијата со лисици го одведе нејзиниот син од училиштето до психијатриската установа во Тексас.
Мојот син е дете со посебни потреби и потребна му е нега, рече мајката на детето Ејприл Обрис за Фокс 6 Њуз.
Мајката објасни дека детето страда од АДХД нарушување и хиперактивност што може да резултира со нарушување во однесувањето. На детето во училиште обично му помага асистентка.Тој ден, 9 . мај таа не можела да дојде на настава. Седумгодишното дете е изолирано од другите во одделението наводно затоа што си ја удирало глават од ѕид. Полицајците го привеле и го извлекле од училиштето во Далас.
Мајката рече дека таман тргнала кон училиштето кога ја повикале и ја известиле дека постои проблем, но кога дошла по својот син, тој повеќе не бил таму.
-Ги прашам каде ми е детето веднаш штом стигнав. Ми рекоа дека не е таму. Лошо се однесувал па не е повеќе тука, ми рекоа во училиштето, објаснвуа шокрианата мајка.
Детето од страна на полицајците наводно било однесено во здравствена установа за ментално болни во ДеСото. Таму еден член од семејството го фотографирал, а на сликата се гледа на детето му ставиле лисици. Детето е задржано во установата до 15. мај кога персоналот заклучил дека детето не претставува опасност па го испратиле дома.
Адвокатот на мајката на детето, Амар Дилон, не одговори на прашањата на новинарите за авој случак, а телевизиите јавија дека има сериозни обвинувања против полицијата, тврдејќи дека детето при приведувањето е повредено.
„Живо опиша колку бил шокиран и како телото му се грчело од сето тоа. Беше многу прецизен во врска со тоа, рече Дилон.
Се уште не се знае дали тоа дете ќе се врати во училиште. Од таму засега нема коментар, веројатно заради заштита на приватноста, но Фокс 4 дојде до службено соопштение кое е издадено откако е објавена фотографија од детето со лисици на рацете и која кружи по социјалните мрежи.
„На фотографиите кои сте ги виделе е дете при приведување. Оддалечен е од наставата за да не продолжи да се самоповредува. Ве молиме да не ширите дезинформации, стои во соопштението од училиштето.
Мајката додаде дека таа и нејзиниот син се чувствуаат измамено зошто на детето му е ускратена безбедноста.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри