Македонија
21. November 2019 - 16:48

Шокантна снимка од насилство врз дете во Аеродром објавена на социјалните мрежи

Kафе барот Дежаву во Капитол мол во Скопје објави видео од една од своите безбедносни камери на кои се гледа како жена тепа и малтретира мало детенце, кое, веројатно има околу 2 години.

Таа дошла во игротеката на кафулето со три дечиња, веројатно братчиња. Во еден момент таа го влече едното од децата, па го зема, му мава шамари па го фрла на стол.

Не е познато дали жената е мајка на децата, или се работи за негователка или нешто друго.

МВР го потврди случајот.

Денеска околу 15:57 А.М.,  сопственик на  угостителски објект пријави  дека на 21.11.2019 околу 11:00 часот при проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележал како НН женско лице во игротеката физички малтретира дете. Известен е Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.