Живот
19. September 2018 - 16:14

Шокантна снимка од Донбас: Војник си пукал во стомакот за да го испроба новиот панцир, сите му се смееја, а тој умираше на колена

Еден маж намерно се застрелал во стомак за да го испроба својот непробоен елек, а сето тоа го снимија неговите пријатели.

Инцидентот се случил во Донбас, а мажот за кој се наведува дека е проруски борец, зел во рака автоматски пиштол „стечкин“ и испукал.

Паднал на колена во големи болки, а со левата рака се држел за стомак.

Снимателот на шега рекол: „Изгледа како да умира!“. Меѓутоа, после неговиот глас звучи крајно загрижувачки.

„Леле! Дали си навистина ранет?“, рече тој.

Ранетиот ништо не одговори, само го соблече панцирот и легна на земја.

Според одредени информации, тој подоцна починал, но за тоа се уште нема официјална потврда. Како што се наведува, куршумот го погодил во стомак, во дел кој не бил заштитен.

„Куршумот е истрелан од близина. Дури и куршумот да не поминал низ прслукот, неговата кинетичка енегија лесно би можела да ги оштети внатрешните органи“, рече воениот експерт Михаил Брацков.