Живот
15. January 2019 - 22:04

Шокантна сцена на пат: Бебе испадна од автомобил, мајката воопшто не забележа, само чудо го спаси

Камерите забележаа неверојатна глетка на улиците на Манкат, во Минесота, кога бебе заедно со седиште за деца, падна од автомобил низ вратата, а за среќа во тој момент не помина ниту еден автомобил.

Возачот кој наишол, веднаш запрел и почнал да и мавта на мајката, која воопшто не забележала дека детето и паднало од автомобилот, па си заминала.

Тој го запрел сообраќајот, го зел девојчето кое пак поради седиштето било заштитено од повреди.

Набрзо пристигнале и полицајци, како и мајката која веројатно подоцна видела дека и ја нема ќерката.

Како што се утврдило, девојчето било прописно врзано за седиштето, но самата носилка не била прописно обезбедена во автомобилот.