Балкан
19. March 2019 - 10:10

Шокантна несреќа каква што не се памети во Србија: Ќерка со автомобил го прегазила таткото додека излегувал од шахта

Во Севојно кај Ужице се случи незапаметена и несекојдневна трагедија во која маж (58) го загуби животот.

Несреќата се случила во Соколовска улица во Севојно, кога жена зад воланот на голф удрила маж кој во тој момент излегувал од шахта!?

Според првичните и неофицијални информации, станува збор за ужасна несреќа во која ќерката го прегазила таткото.

Несреќниот маж починал во ужичката болница од здобиените повреди.