Живот
7. September 2016 - 18:50

Шокантна исповед на параолимпијка: Отидов во Рио по медал, а потоа ќе се убијам!

Белгиската параолимпијка Марике Вервурт отпатува во Рио де Женеиро за на престојните Параолимписки игри да освои медал. Меѓутоа таа светот го шокираше со изјавата дека по Рио планира да си го одземе животот.

Белгијката останала парализирана во 2000 година поради ретка дегенеративна болест на рбетот. Во меѓувреме болеста напредувала, но таа не се предавала тука продолжила да тренира посилно и почнала да се натпреварува во количка. Така во Лондона на Параолимпијадата во 2012 година освои златен медал во трката на 100 метри и сребрен на трката на 200 метри.

Сега има желба да го повтори успехот од Лондон но и да изврши еутаназија.

-Сите ме гледаат како се смеам со медалите, но никој не ја гледа мрачната стана. Секојдневно страдам, понекогаш спијам само 10 минути во текот на ноќта, но и покрај тоа одам по злато. Рио е мојата последна желба. По Рио ќе ја завршам спортската кариера. Имам листа на желби што сакам да ги исполнам, вклучувајќи и каскадерско летање. Почнав да размислувам за еутаназија, вели Вулверт.

Таа не ја крие својата намера да си го оконча животот, зошто тоа го гледа како единствен излез. Меѓудругото, со јавноста сподели и делови од својот дневник во кој секојдневно пишува за маките низ кои минува.

-Среќна сум зошто имав добра ноќ, иако имав криза од околу 45 минути. Сепак, утрово се чувствувам како да сум спиела само саат вреем, иако тоа не е случај. Моето тело е исцрпено од сето тоа. Медицинската сестра денеска ми даде морфиум, а потоа отидов на тренинг, вели таа во својата исповед.

Дека е сериозна во својата намера Вервурт потвди и со тоа што размислува и за својот погреб.

-Сакам сите да имаат чаша шампањ во рака и да мислат на мене.

Едем белгиски портал отидел чекор подалеку и објави дека Марике ќе направи еутаназија, која е легализирана во Белгија со пишана изјава тројца доктори и може да се применува од идната година.